Учеството на рускиот енергетски гигант „Газпром“ во дистрибуцијата на природен гас на европскиот пазар, лани се зголеми за три процентни поени и достигна 27 отсто, изјави првиот човек на компанијата Алексеј Милер.

Во обраќањето на собир посветен на прашањата поврзани со дистрибуцијата на руски гас во странство, што се одржува во местото Кириши во реонот на Санкт Петербург, Милер потсети дека во 2010 година учеството на „Газпром“ на европскиот пазар на гас изнесуваше 24 проценти.

Според Милер, во текот на 2011 година „Газпром“ на европскиот енергетки пазар дистрибуирал 150 милијарди кубни метри гас.

Експертите проценуваат дека до 2020 години потребите за гас на Европа ќе се зголемат за околу 100 милијарди кубни метри и ќе достигнат околу 370 милијарди кубни метри.

Ова, според Милер, ќе претставува добра можност за „Газпром“ да го зголеми извозот на гас и да ја зацврсти својата позиција на енергетскиот пазар. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.