Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари првата победа во квалификациите на Грен слемот Австралија Опен.

Таа ноќеска во Мелбурн во првото коло ја победи Саша Викери од САД со 2-1 во сетови за еден час и 40 минути игра.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:2, Викери изедначи на 1-1 по 6:3 во вториот сет, а со истиот резултат Македонката славеше во решавачкиот трет сет.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против Далма Галфи од Унгарија. Овој меч е закажан за вечер во 3 часот по полноќ.