Во текот на есенските и зимските месеци повеќето од луѓето ги сушат алиштата на радијатори. Иако ова е релативно брзо решение, погрешно е и со себе влече низа здравствени проблеми. Имено, поради сушењето на облеката на радијатори доаѓа до испарување на омекнувачот и детергентот и така се зголемува ризикот од појава на алергени и алергија, па затоа покрај радијаторот треба да држите сад со вода за да не ви се суши воздухот. 

Истражувањето на Архитектонскиот факултет во Шкотска покажа поврзаност на неквалитетен воздух, иритација на органите за дишење и сушење на облеката на радијатор. Сушењето на облека во становите ја зголемува стапката на влага за 30 посто и со себе повлекува зголемен ризик од астма и алергии на кои посебно се изложени најмладите.

Симптомите на инфекции се бројни: кашлање, хроничен замор, иритација на очи, грло и кожа, главоболка или гадење.