Лекарите од целиот свет на популрниот веб-сајт „Редит“ составија листа на симптоми кои никако не смееме да ги игнорираме. 

Доколку сте загубиле маса, без особен напор за тоа
Постојат низа причини за губење на телесната тежина, некои од нив се бенигни, но некои од нив укажуваат на сериозни проблеми. Слабеењето може да се поврзе со изложеност на стрес, пореметување во режимот на исхраната, но и можна болест во фаза на развој. Причина за тоа може да биде пореметување на работата на штитната жлезда, депресија, а во некои случаи дури и развој на канцер. 

Несвестица
Несвестица доаѓа како последица на недоволно количество на кислород во мозокот. Симптоми за тоа се ладна пот, збунетост, заматен вид или зуење во ушите. Доколку ова често се случува тоа може да биде показател на дијабетес, болести поврзани со срцето и невролошки пореметувања. 

Замор
Исцрпеноста и заморот се веројатно знак дека премногу работите и дека едноставно ви е потребен одмор. Но, тоа може и да значи дека имате хормонално пореметување, изложеност на стрес или бактериска инфекција. 

Испукани усни
Можеби имате Пеуц-Јегерс синдром. Се работи за наследна состојба која може да укаже на ризикот од развој на неколку видови на рак, а симптоми се сини или светлокафеави пеги околу устата или прстите на рацете или нозете. 

Пиете неверојатно многу вода
Еден од првите знаци на дијабетес е чувството на константа жед. Доколку постојано се чувствувате жедни, посетете го вашиот лекар. 

Болки во грбот
Константни болки во грбот може да се последица на неправилно седење или неквалитетно спиење. Но, тоа може и да укажува на болести поврзани со бубрезите. Покрај тоа, урина во крвта е сосеам сигурен показател дека имате проблем со бубрезите.