Австралискиот премиер Тони Абот потврди денеска дека завршиле преговорите за формирање зона за слободна трговија со Кина, а земјите спогодбата треба да ја потпишат подоцна денеска.

Спогодбата, постигната по децении преговори, ќе им овозможи на австралиските извозници во земјоделскиот сектор и во секторот на услуги пристап до голем пазар.