Според пензионираниот професор на факултетот за безбедност, Иван Бабановски политичко безбедносната ситуација во Македонија не е добра. Бабановски очекува нови акции по Смиљковци.

-Ние го имавме Смилковци и јас очекувам дека ние ќе имаме уште неколку такви жестоки акции и би бил пресреќен како човек, како Македонец ако тоа не се оствари и нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите проценки, рече Бабановски.

Бабановски се согласува дека убиството кај Смиљковско езеро е терористички чин и дека со тоа се испратила порака за да се внесе страв меѓу граѓаните на Македонија.

-Криминалците кога делуваат тие се прикриваат и тие немаат никогаш намера да бидат откриени и да бидат познати. Терористите ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција како да не направиле акција. Во Смилковци се оставија такви жестоки траги да се знае дека е ова порака до граѓаните на Македонија, да им се внесе страв, а тоа покажува дека политичката безбедносна ситуација не е добра“ вели Бабановски.

Според него, во Македонија има три кампа за обука на припадници на Ал каеда.

-Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком, кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури што исто така имаат допирни точки со тероризмот“, вели Бабамовски.

Бабановски на семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам кажа дека спрегата на организираниот криминал и тероризмот е постојана и таа спрега меѓу криминалот, тероризмот и политиката на Балканот дава резултати затоа што криминално терористички групации носат на позиции на власта, криминализирани политичари кои понатаму само овозможуваат услови да може несметано да цвета криминалот,а тероризмот е само шлагот на организираниот криминал.

Image and video hosting by TinyPic