Балканскиот Нострадамус Мевлудин Дуванчиќ беше во емисијата на Огнен Амиџиќ. Тој погодува буквално се, погоди кога Халид Бешлиќ имаше сообраќајка и кога докторите велеа дека нема надеж, тој се јави на семејството и тврдеше дека тој ќе се разбуди за три дена, а така и се случи. Потоа, предвиде дека само што ќе остане бремена Северина ќе се разведе од Милан.

Тој предвидува дека Северина и Игор ќе се разведат, дека пејачката Ана Николиќ носи девојче и дека треба да се пази првите месеци од спонтан абортус, како и дека ќе пукне врската меѓу Александра Пријовиќ и Филип, синот на Лепа Брена.

На прашањето на гостинката Маја Николиќ, што предвидува за Огнен, балканскиот Нострадамус рече дека и неговиот брак со убавата манекенка со македонско потекло, Даниела Димитровска, ќе заврши. На тоа Огнен како да доби врела шлаканица и остана без текст.

Останува да видиме кое тврдење ќе биде точно.