Млада жена од Босна си го жртвувала својот брак од кој има две дечиња, за да отиде со љубовникот во Сирија и да војува.

Како што јавуваат босанските медиуми, се работи за 29-годишната Елвира Каралиќ која е мајка на десетгодишна и тригодишна ќеркичка, кои ги оставила за да отиде со својот љубовник да војува во Сирија. 

Сопругот на Босанката вели дека неговата жена е паметна, но дека во последно време Фејсбукот и го завртел мозокот и ја натерал на сево ова. 

- Мојата сопруга што и да направи сега, верувајте е многу паметна жена. Можев секогаш да се потпрам на неа. Заедно бевме 13 години во брак. Таа сега одбива да ми каже кој ја одвел во Сирија, вели сопругот.