Британската компанија „Асенд Капитал“, која има инвестициски планови за Македонија, денеска отвори претставништво во земјава

На прес-конференција инвестицијата ја најавија директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и директорот на компанијата Џастин Драмонд.

Компанијата прво ќе отвори канцеларија за маркетинг и регионална продажба со седиште во Македонија, а во втората фаза и фабрика која дополнително ќе отвори работни места. 

Како главни причини за одлуката за инвестирање од компанијата ги посочуваат деловната клима, стабилната макроекономска политика и цената на трудот.