Во јануари оваа година, тинејџерката Келси одлучила за својот 13-ти роденден да ја промени својата фризура, а нејзината мјка Кристин Џонсон за роденденски подарок ѝ подарила фризура кај професионален фризер и долгосаканите прамени.

Набрзо потоа, мајката на својот профил објавила фотографија од неа и нејзината ќерка намсеани и задоволни од резултатот.

Меѓутоа, среќата траела кратко.

Само неколку дена подоцна, Келси отишла да го посети својот татко и маќеата, а посетата била трауматична за оваа девојка.

Фотографиите кои мајката ги објавила по посетата се шокантни.

Имено, долгата коса на Келси исчезнала, таа била ишишана кратко.

Келси била ишишана од нејзиниот татко и маќеа, откако виделе дека била на фризер и си ја бојадисала косата.

„Акциите имаат последици“ - рекол нејзиниот татко.

Меѓутоа, сега нејзиниот татко и маќеа се соочиле со последиците од овој потег. Двајцата биле суспендирани од работа и останале без плата.

Дури и социјалните служби покренале истрага околу овој случај и сите се надеваат дека таткото и маќеата ќе бидат казнети поради оваа постапка.

48f28f9800000578-5358247-image-m-56-1517968150419