Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Бугарската делегација што ја предводи Каракачанов ќе биде пречекана пред платото на Министерството за одбрана од министерката Радмила Шеќеринска. Потоа ќе следува средба меѓу двајцата министри и делегациите, како и заеднички изјави на Шекеринска и Каракачанов. Бугарскиот министер за одбрана Каракачанов ќе ја посети и касарната „Илинден“ во Скопје каде што Полкот за специјални операции ќе изведе показна вежба.