Денеска именден празнуваат Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница...)

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Богојавление бил празник на многубожниот бог давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите. Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава”. И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”.

Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести. Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се направи откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19/6. јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20./7 јануари, Собор на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици. Како што забележал Кузман Шапкарев во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци. Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пеана (светена) вода. Истиов обичај го забележала и Вера Кличкова и смета дека поради овие обичаи првиот ден се вика Машки, а вториот Женски Водици. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Фиат Цаноски се збогува со Црвенковски?

Не успеал да ја фрли веренциата па сам скокнал од 4 спрат - 28 годишен скопјанец се бори за живот

Зимата со последни сили - проверете какво ќе биде времето до средината на февруари

Загина 82 годишна старица во Струмица - непознат возач ја прегазил и побегнал

ГАЛЕРИЈА: Еве што остана од Поштата во Скопје - ѕирнете во внатрешноста на опожарениот објект

„Бегајте или ќе ве убијам“ - сведоците во Монструм прозбореа пред Судот

„Ќе видиме што ќе биде“ - Рамковски чека ново судење

ФОТО: „Тепачка“ за мекиците од Стража во Скопје

Млада скопјанка претепала полицајци на "Александар Велики"