Сигурно барем еднаш ви се случило да имате намера да го искористите месото кое го чувате во замрзнувачот, но сте заборавиле да го извадите на време за да се одмрзне.

Откријте како можете ефикасно и брзо да одмрзнете месо за само пет минути.

За да го избегнете одморзнувањето во микробранова печка и можноста месото да биде препечено, ви претставуваме одлично, ефикасно решение. Потребни ви се два метални сада. Едната свртете ја наопаку и на неа ставете го месото. Потоа на месото ставете го другиот сад и наполнете го со врела вода. Почекајте пет до десет минути, во зависност на големината на месото и проблемот е решен.

Поточно, металот, особено алуминиумот е одличен проводник на топлина. Водата во садот кој е над месото ќе даде одредена тежина и ја распоредува топлината по целата површина на местото, што резултира со брзо одмрзнување.