За март и почетокот на пролетта се врзани многубројни верувања. Од легендата за баба Марта, па се до религиски верувања поврзани со овој месец. Според едно старо верување се препорачува дека никако во овој месец не треба да се мажите.

„Ако се омажиш кога мартовски ветер дува, уживање и солзи, ќе ти бидат во домот.“

Според некои други стари верувања, првите три дена од пролетта не треба да:

-плачете

-позајмувате пари

-да ја чистите куќата

Секако, во првите денови од пролетта нормално е да очекуваме убави сончеви денови, но овој пат тоа нема да е случај. Од УХМР прогнозираат невреме, врнежи од снег веќе во четврток. Уживајте на денешното сонце!