Правславните верници и нејзините верници денеска прославуваат Свети Никола, најзастапената слава кај Македонците. Имено, домаќинот на славата, облечен во свечено одело горд и радосен ги дочекува гостите цел ден додека свеќата гори.

Домаќинот не треба да седи поради почит кон светецот кој тој ден се слави и кој е главен гостин во домот, па домаќинот стои покрај него како во црква на молитва.

Доколку домаќинот е постар и физички не е во состојба да стои целиот ден, по негово допуштање, славата ја води некој од помладите мажи, синот или внукот. Тој воедно се грижи за послуженото и распоредот на гостите и за сѐ што допринесува за гостите да се чувствуваат пријатно и расположено.

Свеќата гори цел ден, а се гаси кога ќе замине и последниот гостин од куќата.