Ова цвеќе се вика Дифенбахија.

Дифенбахија е украсно растение, кое многу често е застапено во нашите домови, станови, канцеларии. Тоа е омилено цвеќе намногумина, но е многу опасно, пишуваат експертите.

Ако се лижне само парче од листот, настапува жестока болка во устата, а за една недела, невнимателна личност може и да занеми. Ако сокот од оваа билка допре до очите, предизвикува слепило. За време на бришењето прашина од листот, може да се јави црвенило и чешање на кожата.

Difenbahija  (2)

Поради тоа, оваа билка би требало да се отстрани од домовите и нашето животно опкружување, посебно ако таму престојуваат деца. Оваа билка може да биде кобна по децата.

Ако, сепак не сакате да се ослободите од неа, внимавајте - кога ја допирате имајте ракавици на себе, а по отстранувањето на сувите листови или прашината од цвеќето, добро измијте ги рацете и ставете ја на место надвор од дофат на детските рачиња.