Во скопската населба Кисела Вода сеуште се води битка за тоа кој ќе седне во градоначалничката фотелја.

Разликата меѓу кандидатите е 703 гласа, на обработени 84,15 проценти од гласовите, а според податоците на ДИК, СДСМ е на пат да ја освои и оваа општина, со оглед на тоа дека кандидатот на СДСм Темелковски има 13.817 гласачи, а довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски му ја дале 13.114.