Во минатото ги нарекувале „лебот на пустината“, а потоа научниците докажале дека ова овошје има и голема хранлива вредност. Урмите содржат 80 проценти јаглехидрати, заедно со протеини, минерали, витамини, имаат малку маснотии, немаат холестерол и многу се здрави.

Здравствени придобивки:

Лек против воспаленија
Урмите се лек за црниот дроб и го ослободуваат од токсини, Исто така пиејќи сок од урми се користи во лекување на суво грло, различни типови на треска, ринорхија (нос што тече) и настинка.

Го поддржуваат здравјето на срцето
Урмите се богат извор на железо, кој е дел од хемоглобинот. Па доколку страдате од анемија, редовно консумирајте урми. Покрај железо, урмите изобилуваат со калиум, кој е значаен дел од клетките, телесните течности, а има улога да го регулира срцевиот ритам и крвниот притисок. На овој начин, тие помагаат во спречувањето на срцев удар и превенираат појава на срцеви заболувања.

Го подобруваат здравјето на коските
Силните коски се клучни за заштита на внатрешните органи, но и за заштита од појава болести како остеопороза. Жените се особено подложни на појава на оваа болест, па токму поради тоа тие редовно треба да конзумираат урми. Урмите се богати со калциум, железо и други витамини и минерали како селен и магнезиум , кои се клучни за добро здравје на коските. Затоа, секојдневното конзумирање на урми нека стане ваша навика.

Штитат од мозочен удар
Една од клучните предности на ова чудесно овошје е неговата способност да го регулира здравиот нервен систем, благодарение на богатото ниво на калиум. Истражувањата покажаа дека поголемо внесување на калиум (околу 400мг) може да го намали ризикот за мозочен удар за 40%.

Лек против затруеност
Урмите се одличен лек за алкохолна предозираност. Во такви случаеви, пиењето вода во која свежи урми се истружени или потопени носат брзо олеснување.