Откако медиумите на големо започнаа да пишуваат дека Филипе Кутињо ќе си замине од Ливерпул и ќе се пресели во Барселона, фудбалерот се соочи директно со разочараните фанови.

Револтираните и разочарани фанови го каменуваа автомобилот од марката Порше на фудбалерот и му нанесоа штета од околу 60 илјади фунти пишуваат англиските медиуми.

Кутињо кој заработува повеќе од 200 илјади фунти неделно ќе го сруши клупскиот рекорд доколку Ливерпул и Барселона се договорат за неговиот трансфер вреден 90 милиони евра, а во моментов Суарез го држи клупскиот рекорд со трансфер од 82 милиони евра.