На 17. март 2018 година, на граничниот премин Градина во Србија биле запленети скоро 40.000 непријавени евра.

На излезот од Србија, за детална контрола е издвоен „мерцедес“ со германски регистерски таблички, во кое имало тројца  турски државјани кои патувале од Германија кон Турција.

Поради сомнение дека изјавата на возачот дека сите заедно имаат 600 евра не е точна, ариниците детално ги прегледале патниците и автомобилот.

Тогаш во градникот на едната патничка биле пронајдени 62.000 евра замотано во целофан и уште 5000 евра во паричник скриен во појасот околу нејзиниот струк.

Бидејќи патниците изјавиле дека парите кои биле пронајдени се заеднички, на секому му било вратено по 10.000евра, додека остатокот бил задржан.