Со овации и скандирање на неговото име од преполната сала, Перо Антиќ кусо пред почетокот на натпреварот Олимпијакос – Фенербахче, од претседателите на атинскиот клуб беше награден за заслугите во периодот 2011-2013.

Управата на Олимпијакос реши да ги почести поранешните играчи Антиќ и Слукас, а сега членови на Фенербахче. И додека навивачите од популарната Gate 7 во салата „Мир и пријателство“ го исвиркаа Костас Слукас, поради начинот на кој си замина од Атина, на македонскиот кошаркар со овации му заблагодарија за придонесот во тимот и освоените 2 европски титули.

Перо Антиќ пак, по завршувањето на натпреварот, за грчката телевизија Нова, освен што им се заблагодари на сите, ја остави и отворена можноста повторно да се врати во Атина.

– Никогаш не вели никогаш, кога ќе ми заврши договорот со Фебербахче ќе размислам, порача Антиќ.

-Знаат дека ги сакам многу и дека се во моето срце, и тимот и Gate 7 (навивачите). Имавме одлични моменти порано. Чудно е чувството да си тука и да играш против Олимпијакос, за прв пат во мојата кариера. Но, е одлично искуство, емотивна вечер и им благодарам за она што го сторија за мене, за почеста, рече македонскиот кошаркар по натпреварот.

 
pero1-4
Со 71 -62, поранешниот тим на Перо Антиќ на домашен терен славеше против Фенербахче на вчерашниот натпревар во преполната сала во Атина.