Пејачката Аделина Тахири на својот Инстаграм профил преку интересни фотографии ѝ откри на јавноста дека наскоро ќе стане мајка. Аделина е во 14. недела од бременоста, а преку фотографиите откри и дека ќе стане мајка на момче.

Таа и нејзиниот сопруг, познат адвокат од Скопје се венчаа кон крајот на минатата година, а ова е нивно прво заедничко дете.