Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ синоќа околу 2:30 часот излета од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичка црква.

Од полицијата информираат дека 26 годишниот Д.Б. од Скопје изгубил контрола над возилото, излетал од патот удирајќи во повеќе бетонски столпчиња и метална капија.

Со возило на Итна медицинска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“ повреден бил пренесен сопатникот Х.Ч. (29), но самоволно си заминал од болницата без да му биде извршен лекарски преглед.