Петтата по ред екстремно ладна ноќ во Белград помина со слабо првовејување снег, а репортерите на српските медиуми јавуваат дека многу улици во центарот на градот  не се исчистени, дури и оние по кои вози јавниот градски превоз.

Од диспечерскиот центар ГСП велат дека неисчистените улици им прават проблеми, па поради тоа се скратени следниве линии: 91, 44, 38 и 65. Веројатно ситуацијата во други населби е нешто подобра од претходните денови, па така автобусот за Зуце вечерва работи.

Во центарот на градот сообраќајот е успорен, а многу граѓани се одлучуваат на превезување со такси. На плоштадот Република српските репортери забележале и диви таксисти како примаат патници.

-Не паметам дека некогаш било вака во Белград, се возев со автобуската линија 37 кој се движеше со брзина 20-30 километри на час, изјави еден случаен минувач.

Српските репортери велат дека улицата „Кнез Милош“, за разлика од многу други е исчистена од снег. Тоа не е случај со улицата Љермонтова, која цела прекриена со снег.

Според податоците од РХМЗ во Белград во 21 часот се измерени -9 степени, а два часа порано висината на снежната покривка е 16 сантиметри.

На улицата Пожеска ситуацијата е малку подобра отколку во центарот на градот, иако на Баново брдо, судејќи по белата покривка, наврнало повеќе снег отколку во центарот на градот.