Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, претстојнава недела ќе дојде во дводневна посета на Македонија.

Според агендата Столтенберг пристигнува утре, а би требало во четврток напладне да се обрати и пред пратениците во Собранието на Р.М.

Ќе има средби со државниот врв и прес со премиерот Зоран Заев.