Германскиот селектор Кристијан Прокоп повика тајмаут по одбраната на неговиот голман и се обиде на своите ракометари да им ја нацрта завршната акција, а по натпреварот, откри дека дијагоналата кон крило на Грецки не било она што тие се договориле.

Германскиот селектор обелоденува дека имал три опции, но ниту една од тие не била Грецки да ја завршува акцијата.

– Не сум баш задоволен по крајот на мечот. Секако дека бевме среќни кога Хајневетер го одбрани нивниот последен обид и ни даде шанса, но на крајот пристапивме многу недисциплинирано. Планот беше да знаеме точно што ќе правиме, вели Прокоп.

Тој открива дека требало или да шутне бекот, или да одат на пикер, или пак во краен случај да се додаде до Генсхајмер „кој имаше добра рака цел меч“.

-Дијагоналниот пас дефинитивно беше најлошата опција, а всушност не требаше да биде воопшто опција, порачува германскиот селектор чиј план не беше спроведен на дело благодарение и на феноменалната поставеност на нашите ракометари.