Кога сте јавна личност, ќе морате да се навикнете на повремени критики. Но, Џенис Дин, водителка на Фокс телевизија, одлучува повеќе да не молчи за критиките кои често ги добива од гледачите.

Капката која ја прели чашата беше овој коментар:

-Џени, те молам немој повеќе да си дозволуваш луѓето од Фокс да те облекуваат во здолништа, Нималку не ти прилга. Таа фризура од осумдесеттите е некако во ред, но твоите нозе се неподносливи за гледање кога и да се појавиш на екран - ѝ порачала една жена.

novinarka-noge (2)

Водителката одлучила на ова јавно да одговори:

-Здраво Џоен,

Фокс не ме облекува, сама ја одбирам својата гардероба. Жал ми е што не ти се допаѓаат моите нозе, но јас сум благодарна за нив, тоа значи дека имам со што да се движам. Свесна сум дека не изгледам како типична водителка од екраните - носам конфекциски број 40 и горда сум на тоа. Замисли само! А, ти секогаш можеш да промениш канал ако те навредуваат моите огромни нозе. Се надевам дека нема да ти смета што твоето писмо ќе го споделам на Фејсбук. Поздрав! - одговорила Џенис.

Џенис добила голема поддршка од јавноста, па одлучила и да објасни зошто изреагирала вака, на провокацијата:

-Како некој не кој пред 10 години му беше дијагностицирана мутипла склероза, свесна сум деа нозете во секој момент може да ме издадат. И затоа сум секој ден благодарна на тоа што се така крупни и силни и ми помагаат макар уште еден ден да стојам, да одам, да танцувам - порачала водителката.