Богаташ одлучи да го однесе својот мал син во сиромашно предградие, за да научи како е да се биде сиромашен. За време на патувањето тој се изненадил од неговата реакција.

Таткото и детето поминале неколку денови на фарма кај сиромашно семејство, а кога се вратиле дома синчето му реколо на таткото:

„Беше одлично тато“, па таткото го прашал: „Дали гледаш колку луѓето можат да бидат сиромашни“, по што детенцето потврдило.

Потоа детенцето одговарајќи што научило рече: „Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен во дворот, а тие имаат река. Ние имаме многу светикли во дворот, а тие имаат ѕвездено небо. Нашиот двор е ограничен, а нивниот не. Ние имаме слуги, а тие им служат на други. Ние купуваме храна, а тие си прават храна.“

Таткото изненаден, од разговорот заклучил дека според детенцето тие се сиромашни, а не луѓето на фармата.