Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во 11 часот ќе го одржи своето годишно обраќање, соопшти неговиот кабинет.

Годишното обраќање наместо во Собранието на Република Македонија ќе биде од кабинетот на Иванов, бидејќи новиот собрански состав се уште не е конституиран.