Огромен пожар и натаму беснее на црногорското приморје, од Бар па се до Петровац. Ситуацијата е особено опасна во населбата Шушањ и во летувалиштето Чањ, јавуваат црногорските медиуми.

Во борбата со пламените јазици се ангажирани пожарникари од речиси сите црногорски градови, а им помагаат канадери. Главна задача е заштитата на неколку стотини куќи во Шушањ, а проблем прави ветерот и непристапниот терен.

Црнoгорските власти побарале помош од Хрватска но не ја добиле бидејќи хрватските канадери биле зафатени со гаснење на пожарите на хрватското приморје.