Во честитката лидерот на СДСМ истакнува дека после 71 година од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, народот има со што да се гордее.

- Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата  рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Македонскиот народ тогаш успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои кои ги положија своите животи за Македонија.

Благодарение на овие луѓе денес можеме слободно и рамноправно да одиме по патот на европските и евроатланските интеграции како врвен приоритет во развојот на македонската државност, се вели во честитката.

Image and video hosting by TinyPic