Регионален Центар Запад поднесе кривична пријава против 28-годишниот А.И. (28) од село Норово,крушевско, 33-годишниот  С.А. и 30-годишниот  Ф.Б. и двајцата од село Пешталево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено преминување на државната граница“.  

На 01.06.2017 година во 21:01 часот пријавените со насилно кршење на  заклучената метална рампа на граничниот премин Џепиште оствариле излез од Република Македонија во село Требиште, Република Албанија.

Истиот ден, во 23часот и 23 минути пријавените на ист начин се вратиле од Република Албанија во Република Македонија.