30 годишната Милица од Србија раскажала за својот живот како проститутка.

-Имам триесетина години, и веќе 13 години заработувам продавајќи сексуално задоволство. Кога наполнив 18 години сфатив дека ниту една друга работа не ме исполнува. Како што почнав сфатив дека несакам никој да ме злоупотребува за мала плата, па цената се повеќе се зголемуваше. Решив да заработувам за живот со единствената работа што ми причинува задоволство, а тоа е сексот. Луѓето ме нарекуваат курва, проститутка, но не ми пречи, бидејќи тоа е мој избор, моја работа и мој живот. Во почетокот многупати бев во неволја поради тоа. Бев  и на улица барав муштерии по кафеани и по пријатели.

Свесна сум дека мојата работа е морално неприфатлива, па затоа секојдневно трпам различно насилство. А тоа никако неможам да го пријавам бидејќи сум од другата страна на законот.