На поставена задача што би направиле ако нивната земја биде домаќин на Олимписки или Параолимписки игри, учениците Бонита Колевска, Верче Карафиловска, Душан Трајковски и Андреј Георгиевски развиле идеја за етносела, енергетски ефикасни и пристапни за лица со хендикеп. Нивниот виртуелен проект добило 80 проценти гласови од стручно жири и 20 отсто од гласање на интернет каде што е и поставен.

Овој тим со друг проект победи на државниот натпревар во претприемништво во октомври минатата година. Нивниот успех го поздрави претседателот Ѓорге Иванов кој денеска ја посети гимназијата „Корчагин“ и Кариерниот центар кој има 75 члена. За успехот на овој четиричлен тим рече дека е позитивен пример што треба да се следи.

- Видов многу инвентивност и креативност во оваа гимназија и тоа е за почит. Наставниците и учениците создаваат нешто што е препознатливо и на глобален план. Не само што како држава инвестираме во образованието и им создаваме услови за иднината на овие генерации, туку преку овој пример видовме и дека создаваме и млади за иднината. Овие млади луѓе покажаа дека стекнатото знаење можат да го истакнат и на глобален план и да добиваат награди. Ова е извонреден пример и за другите како треба да се однесуваат, и за учениците и за наставниците и дека секојпат кога ќе се има идеја идејата победува, изјави претседателот Иванов.

На Глобалниот виртуелен натпревар во претприемништво за 2012 победил проект на ученици од Јужна Африка. Учествувале и тимови од БиХ, Турција, Казахстан, Узбекистан, Пакистан и Бангладеш. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.