Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе ја посети општина Кратово.

Предвидено е министерот да оствари средба со градоначалникот Мите Андоновски и да ја посети и канцеларијата на Државниот управен инспекторат, како и бесплатниот интернет клуб во општината.