Во чест на денот на раѓањето на македонскиот револуционер Христо Узунов вчера во просториите на Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто беше организирана изложба на слики од ликовниот уметник Георги Даневски, кој е роден во Македонија, а повеќе години живее и твори во Канада.

- Тој е еден од водечките современи уметници во Канада, а неговата долгогодишна работа во креирањето на иконографиите на македонските православни цркви „Св. Климент Охридски“ во Торонто и „Св. Димитрија Солунски“ во Маркам, како и во многу други цркви во Македонија и САД, се само дел од неговиот широк спектар уметнички достигнувања, информира Конзултатот.

Генералниот конзул Драган Ѓурчевски приредил и прием на свеченото отворање на изложбата. Присуствувале преставници на сите македонски асоцијации и организации, црковните управи и парохиските свештеници на македонските православни цркви, и македонските медиуми кои се активни во Канада.