Јована Јоксимовиќ, сопругата на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, открила како настанала една од неговите најубави песни.

Имено, убавата водителка зборувала за песната „Љубави“.

-Седевме во станот и мене Жељко ми вели јас немам хит, а јас си мислам, како немаш хит, а на тој албум има 9 песни, не се знае која од која поубава. И тогаш тој ми рече, одам во студио. Замина човекот во студио и откако се врати ми кажа – сепак имам хит. Прво Јелена Томашевиќ го напиша текстот за песната и тој беше преубав кога се читаше, но кога ќе се отпееше не звучеше така. Тогаш дојде Бајага во студио поради некои други песни, ја слушна музиката, се воодушеви и го напиша текстот за таа песна“, објаснила Јована.