Дека фудбалот во Кина, во секој свој сегмен е во експанзија, потврдува и новата информација од далечниот исток. Имено, Кинезите кои веќе подолг период нудат големи суми на пари за трансфери на познатите фудбалери, сега решија истото да фо сторат и со веќе докажаните арбитри (судии).

Англичанецот, Марк Клатенбург е еден од најеминентните и најзвучни имиња кои се споменуваат во новиот проект на кинеската Прва лига.

Марк Клатенбург, кој го судеше финалето во Лигата на шампионите како и на ЕП 2016. Кинезите се свесни дека неговиот ангажман би можел уште повеќе да ја зголеми репутацијата на фудбалот во оваа земја, па нема да жалат средства за да го доведат.

Засега сума останува тајна, но имајќи во предвид кои се сумите кои кинеските сопственици на клубовите ги нудат за реномираните фудбалери, нема да биде чудно доколку понудата за Клатенбург изнесува неколку милиони евра.