Жичарницата која што го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст, во сабота прославува една година од нејзиното свечено пуштање во употреба. 

Јавното сообраќајно претпријатие кое што стопанисува со жичарницата ги поканува сите граѓани на паркингот на Средно Водно, да го прослават првиот роденден.

Од 16 до 20 часот ќе настапуваат децата од „Супер ѕвезда“, а предвидено е и учество на жонглери, акробати, спортски активности, како и настап на Влатко Илиевски.

Од 20 до 5 часот по полноќ на сцена настапуваат повеќе ди-џеи: Бабура, Боби, Марга Сол, Бранчез и Дела. 

Image and video hosting by TinyPic