Екипите на Клуб Америка од Мексико и домашната Кашима ќе играат во полуфиналето на Светското клупско фудбалско натпреварување кое се одржува во Јапонија.

Ова е епилогот по двата денешни четвртфинални натпревара.

Клуб Америка во Осака го совлада јужнокорејскиот Јенобук со 2:1 по подобра игра во второто полувреме, откако во првото азискиот шампион водеше со 1:0.

На второто четвртфинале Кашима славеше победа над Мамелоди од Африка со резултат 2:0.

Во полуфиналето Клуб Америка за противник ќе го има европскиот шампион Реал Мадрид. Овој дуел ќе се игра на 15 декември во Јокохама.

Ден претходно, на 14 декември, другото полуфинале ќе го сочинуваат Атлетико Насионал од Колумбија како претставник на Јужна Америка и Кашима.