Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас ќе го посети Скопје после празниците, потврдуваат од МНР за Радио Слободна Европа.

- „Начелно има согласност дека министерот за надворешни работи Никос Коѕијас ќе допатува во Скопје по Велигден, но точен датум кога ќе се случи посетата се уште не е усогласен меѓу кабинетите на двајцата министри“, велат од МНР.

Претходно и грчките медиуми најавија нова средба на шефовите на дипломатиите.