Голманот на Мускрон, Матеј Делаќ успеа да ја расположи целата белгиска спортска јавност со комичниот погодок кој го прими на мечот меѓу неговиот тим и составот на Клуб Бриж.

Хрватот никако не реагираше по изведувањето на центарот од гостинските фудбалери и топката заврши во голот. Соиграчи го тешеа Делаќ кој во Мускрон брани како позајмен фудбалер од Челси, но попусто бидејќи тимот изгуби 2-1.