Британската модна куќа „Маркс&Спенсер“ произведе специјална кошула која ја впива потта и спречува создавање влажни дамки под пазувите.

Кошулата наречена „Драј-Гард“ произведена е со помош на специјалната технологја „паметни бранови“ и им овозможува на мажите да ги избегнат влажните дамки под пазувите.

Специјалните влакна ја впиваат влага од кожата и потоа ја исфрлаат ако пареа, а притоа материјалот на кошулата останува сув.

- Влажните дамки можат да бидат непријатни за мажите, особено ако одат на работа во преполн градски превоз, изјаву претставникот на „Маркс&Спенсер“, Мар Јејтс.

- Оваа кошула дава конечно решение за оваа ситуација, додаде тој.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.