Македонскиот кошаркарски талент Кристијан Николов поради големата желба да заигра за тимот на Галатасарај, е подготвен да се откаже и од македонското државјанство, пренесува „спорт.ком.мк“

Неговиот татко Зоран Николов како што самиот вели потезите кои ги прави актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација во врска со Кристијан ги приморале да размислуваат на еден ваков потег. 

Николов како странец не може да игра за младинската екипа на големиот истанбулски клуб и тоа е проблем за неговата кариера, за која многумина стручњаци најавуваат дека ќе биде блескава според талентот што го поседува овој леворак бек. 

„Јас како родител сум подготвен на се само Кристијан да заигра за екипата на Галатасарај , па дури и ако треба да излезе од македонското државјанство“ - вели Николов - сениор, кој се обидува да даде и некоја хронологија на случувањата во изминатите неколку години во кои неговиот син трпи сериозни удари. 

Најголемиот проблем е што не може да биде регистриран како играч на истанбулски Галатасарај...