Атрактивната млада манекенка предизвика навистина големо внимание во јавноста откако се појави во квизот „Се или нешто“ на Сител, а Лила застана до неа за да ја покаже разликата во висината помеѓу нив двете.

Лила и на својот Инстаграм профил сподели видео од истиот омент а под видеото жследеа лавина коментари, како позитивни и пофалби така и критики, но имаше еден коментар на кој популарната водителка не можеше да се воздржи а да не му врати.

„Лила, види што е нога, а не твојата“- гласи коментарот на кој таа без влакна на јазикот имаше да го каже ова:

„Јас гледам, ти глеј си жена ти“, не остана рамнодушна иако и овој пат нашата најпозната ТВ водителка покажа и докажа дека знае да се пошегува на своја сметка.