Водителката Лила Стојановска вечерва го прослави својот 46- ти роденден.

Таа роденденот го славеше со своите пријатели во една од скопските кафеани, а детали од забавата сподели со своите следбеници на Инстаграм и Фејсбук.

Лила објави неколку фотографии од подароците, колачињата со нејзиното име и куса видео приказна каде што пејат сите заедно со пријателите и тамбурашите.

Лила на забавата дојде облечена во фустан со длабоко деколте, а за изборот на гардеробата доби бројни пофалби, но доби и бројни честитки за роденденот.