Мега популарниот пејач The Weeknd во ноември раскина со својата девојка Бела Хадид. Свежо разделениот пар се сретна на шоуто на Викторија Сикрет, а меѓу нив сеуште имаше хемија.

Сепак, по се изгледа дека Абел Тесфјал чие уметничко име е The Weeknd, ја преболе згодната манекенка бидејќи TMZ објави папарцо фотографии од него и Селена Гомез во љубовен занес.

Гомез и The Weeknd се фотографирани како тазе вљубени гулапчиња, таа го прегрнува нежно а потоа и се бакнуваат.

Извори велат дека  The Weeknd имал симпатии за Гомез подолго време и за неа сметал дека е ислучително талентирана и секси.

Минатата година двајцата заедно настапија на шоуто на Викторија Сикрет, па најверојатно тука се родил и жарот.

Откако фотографиите излегоа во јавноста, Хадид веднаш ја отследни Селена Гомез од Инстаграм, но сеуште го следи поранешното момче.