Требаше да фотографирам сесија со „фенси” облека, но сфатив дека немам таква облека, дека сè што имам се скромни парчиња блузи, маици, панталони и сукњи. Така решив целосно да се соблечам и да правам фотографии на кои никој нема да знае колку сум богата.

Ова е објаснувањето на младата Магдалена Вошинска, фотографка од Полска, која за кратко време стана нова ѕвезда на „Инстаграм”.

Таа за магазинот „Сан“ рекла дека сака да патува низ светот и дека фотографиите со голо тело се безвременски, односно дека не можат да ги поврзат со ниту еден сталеж, ниту пак со каква била временска епоха или моден стил.