Според истражувањата на магазинот „Форбс”, Џордан благодарејќи на кошаркарската кариера и спонзорските договори заработил огромни 1,7 милијарди долари. На втората позиција на листата на најплатени светски спортисти на „Форбс” е голферот Тајгер Вудс со заработка од 1.65 милијарди долари во кариерата во која освои 14 големи турнири.

Починатиот играч на голф Арнолд Палмер со 1,35 милијарди долари е третиот најплатен спортист на светот во историјата.