Полицијата и натаму продолжува со засилено присуство на терен со цел превенирање на тепачките. И министерката за внатрешни работи и премиерот Никола груевски изразија силно уверување дека до крај ќе ги расчистат сите инциденти коис е случуваа изминатите денови.

Неколку лица се приведени, а против некои се поднесени кривични пријави за „насилство“. Повеќето од учесниците во тепачките се млади луѓе, а меѓу нив има и малолетници.